Балкан
2. January 2018 - 16:26

Над 1.600 илегални мигранти се задржани од турските граничари

Турските граничари денеска задржаа вкупно 1.632 илегални мигранти при различни операции, соопшти „Хуриет дејли њуз".

Од нив 1.556 мигранти се уапсени при обид да преминат илегално од Сирија во Турција, петмина при обид да преминат на турска територија од Грција и двајца при обид да навлезат од Иран, информира турскиот Генералштаб.

Освен тоа граничарите задржале 64 мигранти, кои се обидувале од Турција нелегално да влезат во Грција, како и петмина мигранти, кои сакале илегално да преминат во Сирија.

На турско-иранската граница запленети се повеќе од 12.000 пакети шверцувани цигари.