Свет
1. јуни 2020 - 14:33

Над 144 илјади заразени со новиот коронавирус во Африка

Бројот на заразени со коронавирусот во Африка денеска ја надмина бројката од 144.000, откако се потврдени повеќе од 5.000 нови случаи, соопшти Регионалната канцеларија на СЗО за Африка.

Во последните 24 часа, во африканските земји се пријавени 5.430 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број заразени се искачи на 144.702. Во тој период починале 154 лица, така што бројот на смртни случаи на тој континент сега е 4.149.

Најголем број заразени лица има во Јужноафриканската Република – 32.683, а 653 лица починале во таа земја. Со 913 смртни случаи, Египет е на прво место во однос на починати од Ковид-19.