Свет
5. July 2016 - 17:19

Над 120 лица загинаа во поплави во Кина

Најмалку 128 луѓе загинаа во поплави во Кина во последните пет дена, а 42 лица се водат како исчезнати.

Поројните дождови принија природна катастрофа, која загрози11 кинески провинции. Околу 41.000 домови биле разурнати, а 1,34 милиони луѓе се евакуирани.

Според проценките на властите, водената стихија причинила штета од 5,73 милијарди долари.