-->
-->
Над 1,1 милиони жители на Крим се уште немаат струја
-->
Над 1,1 милиони жители на Крим се уште немаат струја, јави ТАСС, повикувајќи се на извор од „оперативните служби“.
- Според најновите податоци, до утрово во Крим без струја остануваат 900.000 лица и во Севастопољ - речиси 260.000, наведува изворот за двата нови региони на Русија, формирани во 2014, кога федерацијата го анексира украинскиот полуостров.
Во Крим недостиг на струја има од 22 ноември, кога беа кренати во воздух далноводи во Украина, кои испорачуваат електрична енергија на полуостровот.
Руското Министерство за вонредни состојби подготвило за испраќање во Рим 300 генератори за струја.
Генераторите веќе се товарат на авион, што во најскоро време ќе полета за Симферопол во Крим, наведе портпарол на руското Министерство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени