Над 100.000 посетители на саемот „Купи куќа, купи стан“
Над 100 илјади грaѓани го посетиле саемот „Купи куќа, купи стан“, кој се одржа од 29 октомври до 1 ноември, покажуваат податоците на Скопје Сити Мол. Согласно пиплакаунтерите, дневно во просек имало по 25.000 посетители.
На саемот „Купи куќа, купи стан“ учествуваа 20 градежни компании и банки кои влегуваат во проектот. Градежните компании специјално за саемот понудија попусти на становите кои достигнаа и до 200 евра по метар квадратен.
Проектот „Купи куќа, купи стан“ нуди субвенции на станбениот кредит при купување на куќа или стан, кои може да достигнат и до 14.000 евра. Граѓаните можат да изберат помеѓу два модела – или Владата да плати 50 отсто од учеството при купување на стан или 75 отсто од учеството при купување на куќа или пак првите пет години Владата да плаќа половина од месечната рата од кредитот за отплата на стан или 75 отсто од ратата за куќа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација