Македонија
11. January 2020 - 16:32

Над 1000 здравствени работници стравуваат дали работниот однос ќе им се трансформира во редовен

Дали трансформацијата на работниот однос од договор на дело во редовно вработување во болниците и клиниките е стопиран или пак над 1000 лекари, сестри, болничари, техничари и друг медицински кадар ќе добијат сигурна работа?

Здравствените работници кои се уште немаат решение, во допис до Сител стравуваат дека ќе останат без ветените решенија, иако минитерот за здравство овој проект го најави уште летото. Повеќе од шест месеци ниту им биле побарани документи, ниту пак имало огласи за нивното работно место. Филипче пак тврди дека процесот не е стопиран туку бил успорен зошто повеќето Јавни здравствени установи немале соодветен план за вработување.

-Тоа што процесот го успори не го стопираше е тоа што во еден моимент некои Јавни здравствени установи немаа соодветен план за вработување и сега токму кај нив се чека измена на планот за вработување за после тоа да се побараат согласности за вработување на неопределено време со што на некој начин ќе се трансформира работниот однос. Тие ЈЗУ пак кои имаа план за вработување уште веднаш почнаа да бараат соодветни финансиски согласности и таму тој процес се одвива тековно, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Инаку најголем број здравствени работници кои чекаат решенија за редовно вработување има во здравствените домови низ земјава, но и во поголемите болници во Скопје.

Надлежните ја најавија трансформацијата на работниот однос во здравствениот сектор во јули по случајот со младата лекарка во дебарската болница која била ангажирана за 15 000 денари месечно, без платени придонеси.