Македонија
27. јуни 2019 - 19:25

Над 1000 дивоградби во Охрид

Во Охрид има над 1000 дивоградби за кои инспекциските служби имаат констатирано прекршувања. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот покажува регистарот на нелегални градби изработен од страна на локалната.

Од општината најавија дека ќе се пристапи кон поединечна ревизија за секој предмет и ќе се носат одлуки за понатамошно постапување но неизвесно останува дали ќе се рушат дивоизградените обејкти.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека во Охрид продолжува самоволието и безаконието на штета на граѓаните , од партијата потенцираа дека статусот на градот   заштитен од Унеско е загрозен владее молк на локалната но и на централната власт за нелегалната градба која никна на крајбрежјето на езерото.

Од Националниот парк во повеќе наврати посочуваа дека Урбанизацијата е најголема закана за природните вредности на Галичица .

Токму најголемиот акцент во извештајот на УНЕСКО кој содржи забелешки и препораки, беше ставен на дивоградбите и немањето на регистер на нелегални градби.

На 43тата  сесија на Комитетот за културно наследство, што ќе се одржи наредната седмица во Баку, Азејберџан се очекува да биде донесена одлука и да биде дадена препорака за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид.