Нацистичкиот злосторник Ајхман барал милост од израелскиот претседател
Нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од архитектите на нацистичкиот Холокауст, во молбата до израелскиот претседател, испратена непосредно пред неговото погубување, тврдел дека е невин и барал милост, покажуваат документите што израелските власти денеска за прв пат ги објавија.
Во последната жалба со молбата за помилување, до тогашниот претседател Јицак Бен Звр,напишана со рака, тој се оправдува дека „само ги спроведувал наредбите„ и дека тој не е одговорен за „спроведениот хорор„ кон Евреите.
Израелските власти ги објавија документите во врска со судењето и извршувањето на смртната казна врз Ајхман, во чест на денешното одбележување на денот за паметење на жртвите од Холокаустот.
Во молбата да не биде егзекутиран, Ајхман се обидува да се оправда, сметајќи дека во неговиот случај, израелските судии мора да ги земат во предвид времето и ситуацијата во која се нашол во текот на Втората светска војна.
„Јас не им судев на Евреите, само го извршува она што од мене го бараа„- напишал Ајхман во последното барање со милост до претседателот на Израел.
Историјата покажа дека токму Ајхман имал решевачка улога во решавањето на т.н. еврејско прашање.
Повеќе од шест милиони Евреи беа брутално ликвидирани од нацистите вво текот на воените години.
Израелското разузнавање го откри Адолф Ајхман во Аргентина, во 1960 година, каде живееше како бегалец од Германија. Беше грабнат од оперативците на Мосад и тајно префрлен во Израел.
На судењето во Ерусалим беше осуден на смрт и обесен во 1962 година.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден