Националниот куп за Шкендија
Тетовска ШКендија е освојувач на Купот на Македонија. Шкендија во финалето со убедливи 3:0 го совлада Пелистер и ја слави првата двојна круна во историјата. Во дуелот со Шкендија, битолчани не можеа никако да се носат со големиот фаворит. На тетовските „црвено-црни", пак, не им пречеше ниту силниот дожд кој паѓаше во Струмица, за да ја доминираат и да ја потврдат доминацијата во оваа сезона во домашниот шампионат.
После првиот дел само еден гол на Шкендија. Во 20. минута Хасани нафрла, а Муслиу со глава забива силно во мрежата на Атанасовски. Тетовци со уште 1-2 шанси, а ништо од Пелистер. Уште тука се гледаше дека Куп пехарот е на добар пат кон Тетово.
Во вториот дел момците на Ќатип Османи ја завршија работата. Најпрво на почетокот во 51. минута после една одбиена топка, Ибраими од пеналтикот погоди во горниот лев агол од голот на Пелистер за убедлива предност. Шкендија не застана тука, отиде и на трет гол. Тој дојде во 72. минута кога повторно иста „приказна" како по првиот погодок. Само овој пат Хасани нафрли од слободен удар, а Муслиу погоди, овој пат во долниот агол, и тука приказната заврши.
Шкендија слави, Шкендија е доминатна во оваа сезона, го потврди својот квалитет. Ова беше втор Куп пехар во историјата за тетовци, откако претходно ја освоија и втората титула во сезоната.
Ново на Сител
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната