Македонија
4. September 2020 - 16:45

Националната платформа за он-лајн настава се уште во подготовка

На помалку од еден месец од стартот на новата учебна година, националната платформа за онлајн настава се уште не е подготвена. Таа во овој момент е во тест верзија. Според новата министерка за образование, Мила Царовска, позадинскиот дел од платфорамата е готов, но треба да се работи на „интерфејсот“. Откако ќе биде спремна ќе и биде претставена на јавноста за и учениците, и родители и наставниците да имаат увид во платформата.

-Од тој момент започнува интензивната обука со обука на кортим кој ќе одржува обуки за платформата натаму на сите училишта. Секако дека нема да постигнеме да сите во ист момент имаат еднаков квалитет за таа платформа. Но таа биде едноставна верувам наставниците многу брзо ќе се приспособат на неа и ќе имаме добра настава во 2020/2021, рече Царовска. 

Во однос на родителите кои имаат деца на школска возраст, односно од 6 до 10 години, Царовска рече дека мерката се уште е во сила. Царовска вели дека треба да донесе решение на кој начин и за кого ќе остане мерката во сила откако и градинките и училиштата ќе почнат да работат. 

Наставниците со хронични болести ќе можат да предаваат онлајн, односно од дома, за да се намали ризикот. Доколку мора да се одржува настава со физичко присуство, ќе може да се вклучат и дополнителни наставници кои ќе помагаат.

Скопскиот градоначалник Шилегов вели дека доколку е потребно постојат итни механизми за да се заменат наставници кои нема да можат да одржуваат настава.

-Во рамките на една општина и сега се случува еден наставник држи часови во повеќе училишта со цел да се пополни потребниот фонд. Имајќи предвид дека имаме наставници кои имаат дефицит, односно неисполнување на фондот на часови. Мислам дека по основ на тоа ќе можеме да супституираме луѓе кои што нема да можат да бидат дел од образованиот процес, рече Шилегов.

Царовска денеска се сретна со градоначалниците за ги информира како општините да се подготват за новата учебна година.