Национална конференција за лицата со посебни потреби
Лицата со посебни потреби, работодавци, претставници од јавниот, приватниот и од граѓанскиот сектор денеска ќе дискутираат на националната конференција „Унапредување на механизмите за спречување и заштита од дискриминација на лицата со посебни потреби во Македонија“.
Организатори се Фондацијата за одржлив економски развој Преда Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп.
Конференцијата се организира како заокружување на проектот „Градење капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Република Македонија“, кој во Македонија се спроведува од ноември 2015 година до овој месец.
Проектот е финансиран со грант од Националната програма на Европската унија за помош при транзиција и институционална надградба 2011, во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра