Македонија
1. December 2022 - 16:32

Национален совет за евроинтеграции - владеењето на правото слаба точка

На стартот на преговорите со ЕУ на кои се чекаше повеќе од 15 години, Македонија се уште е правно нефункционална држава, а тоа го покажуваат и последните скандали во оваа сфера. 

Ова е општа констатација на денешната Национална конвенција за ЕУ. Претседателот Пендаровски посочи дека нивото на довербата на граѓаните во правните институции е на најниско ниво, а правдата е корумпирана и партизирана. Сомевање во професионалноста на тела како што се Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не смее да има во држава која сака да биде европска.

-Секое основано сомневање за работата на членовите на овие тела претставува голем хендикеп не само за инволвираните поединци, туку и за целиот правосуден систем бидејќи токму тие се надлежни за професионалниот квалитет и интегритет на луѓето во правосудниот сектор, рече претседателот.

И Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Николовски со сличен став, граѓаните не веруваат во институциите бидејки на секој чекор налетуваат на корупција.

И евроамбасадорот Гир е разочаран од последните афери кои го тресат правосудтсвото, ги охрабрува  сите страни да се посветат на реформите за да има резултати. 

ЕУ потроши милиони во овој сектор. Ние и граѓаните со право треба да очекуваме дека тоа ќе генерира резултати. Да, но тоа не е доволно, а настаните во изминатите месеци беа многу разочарувачки. Постои потреба повторно да се заложиме за реформите. Владата го предводи овој процес, меѓутоа и Парламентот треба да ги следи во ова. Реформите се неопходни и тоа ургентно. Имаме одговорност да покажеме професионализам што го очекува јавноста преку судскиот совет, преку правосудните органи затоа што ЕУ ќе го следи овој процес од првиот ден до денот на пристапувањето.

За оние кои се директно инволвирани во правниот систем но и за академиците, за да има промени мора да се има транспарентност и отчетност.  Функционално судство не се добива со бирања и разрешувања зад   затворени врати.

Владеењето на правото и функционалната демократија се дел од клучниот кластер во прегворите со ЕУ со кои се почнува, но и завршува целиот процес на интеграција.