Македонија
28. May 2016 - 9:44

Национален натпревар за Мајкрософт офис специјалист

Финале  на Националниот натпревар за избор на Мајкрософт офис специјалист за Македонија ќе се одржи денеска во Скопје.

Во финалето влегоа 45 од 1.430 кандидати што се натпреваруваа во изминатиот период во Скопје и во други градови во државава во две етапи.

Натпреварот, наменет за лица од 13 до 22 години, во Македонија се организира првпат. Победникот ќе ја претставува Македонија  на глобалниот натпревар во Орландо, Флорида.

Организатор е „Цертиадриа“ со поддршка на Мајкрософт Македонија, Стопанска банка ад Скопје, Здружението на информатичари на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и Семос едукација.

На отворањето на натпреварот е најавено обраќање на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.