Македонија
11. December 2016 - 9:20

На време отворени избирачките места во Крива Паланка и Ранковце

Гласањето во сите избирачки места на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце започна на време и досега се одвива непречено. Право на глас во двете општини имаат вкупно 20.142 гласачи.

- На подрачјето на Крива Паланка на време се отворени сите 47 избирачки места каде своето избирачко право ќе го остварат 17.068 гласачи. Се гласа во општина Крива Паланка и 33 населени места, информира претседателот на Општинска изборна комисија на Крива Паланка,  Душко Арсовски.

И во општина Ранковец на време се отворени избирачките места. Според податоците од ОИК, во општина Ранковце се регистрирани вкупно 3.074 гласачи кои гласаат на 13 избирачки места.