Тенис
13. July 2018 - 11:01

На Вимблдон финале пред финале

Попладнево на Вимблдон на програмата се полуфиналните дуели во машка конкуренција. 

Сите погледи се свртени кон тениското Ел Класико во кое Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе го одиграат 52. меѓусебен дуел. 
Интересно е што Ѓоковиќ има една победа повеќе од Шпанецот и води со 26-25.
Мечот се очекува да започне по 16ч откако ќе заврши првото полуфинале помеѓу Изнер и Андерсон. 
Последен пат на Вимблдон Надал и Ѓоковиќ играа во финалето во 2011г кога триумфираше српскиот тенисер.