Македонија
16. January 2017 - 9:51

На улиците и булеварите во Скопје фрлени 50 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје од почетокот на новите снежни врнежи на градските булевари и улици имаат фрлено 50 тони сол.

Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, екипите на зимската служба интервенираат низ сите градските сообраќајници и на критичните точки, каде го расчистуваат снегот со механизација.

Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини ангажирани се 100 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“, работници и механизација од ЈП „Паркови и зеленило“, како и  работници од ЈП „Водовод и канализација“ кои работат на чистење на сливниците.

Во надлежност на Град Скопје, како што се наведува во соопштението, се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Од Градот Скопје апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.