Македонија
3. August 2021 - 14:03

На Табановце за влез и излез од државата се чека околу 20 минути

 Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосоујзот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.