Македонија
26. August 2021 - 17:51

На Табановце времето за чекање за излез од државата е околу еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу еден час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.