На Табановце спречен шверц на 4,5 кг марихуана
Царинските службеници од Одделението за оперативни работи вчера на граничниот премин Табановце спечија обид за шверц на околу 4,5 килограми марихуана.
- При детална контрола, извршена со помош на царинско куче, на ауди А6 караван со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин кој патувал заедно со својата сопруга и двете малолетни деца, во специјално направен бункер во долниот дел од автомобилот, зад задниот браник се пронајдени 3 пакувања наполнети со зелена тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога НИК е утврдено дека станува збор за марихуана со тежина од околу 4,5 килограми, соопшти денеска Царинската управа.
Целокупниот предмет е предаден на Одделението за истраги за натамошна постапка.
Од спроведените предистражни мерки, како што е наведено во соопштението, утврдено е дека дрогата била натоварена во Албанија - област Лушнје и била наменета за западно-европскиот пазар. Пријавениот ја транспортирал марихуаната за одреден паричен надомест кој требало да му биде исплатен откако ќе ја предаде на лице во Германија.
Вредноста на оваа количина на нарко - пазарот на големо би достигнала до 27 илјади евра.
Царинската управа, како што се наведува во соопштението, ќе поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а осомниченото лице ќе биде изведено пред судија на претходна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација