Македонија
2. September 2015 - 14:40

На Табановце спречен шверц на 120 килограми режан тутун

Цариниците од  граничниот премин Табановце – автопат ноќеска по полноќ спречија обид за шверц на 120 килограми режан тутун.

- Околу 02:30 часот после полноќ на излез од Македонија на граничен премин Табановце - автопат пристигна товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Д.М. Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е детална контрола на возилото и при тоа во внатрешниот дел на кабината на горниот кревет под душекот се пронајдени 120 паковки од по 1 кг. режан тутун, соопшти Царинската управа.

Стоката е привремено одземена, а против сторителот е почната соодветна постапка.