Македонија
4. January 2019 - 10:38

На Табановце приведен Бугарин со фалс возачка дозвола

Вчера вечер во 21,15 часот на Полициската станица за Граничен премин Табановце, на излез од Р.Македонија, при извршена пасошка контрола на И.П.И.(40) од Бугарија кој бил со патничко моторно возило „Пежо 406“ со бугарски национални ознаки, било констатирано дека возачката дозвола била фалсификувана.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.