-->
-->
На словенечката граница со Хрватска пристигна првиот автобус со мигранти
-->
Првиот автобус полн со мигранти пристигна денеска на словенечката граница со Хрватска откако Унгарија ја затвори својата граница со Хрватска, па мигрантите беа пренасочени, соопшти словенечката полиција.
– Автобусот сега е на граничниот премин Грушкојце и мигрантите ќе минат низ процес на регистрација, изјави портпарол на словенечката полиција.
Словенија го запре железничкиот сообраќај со Хрватска така што мигрантите не можеа да пристигнат со воз.
Словенечката Влада денеска ќе објави детали од оперативни договори со Хрватска за транзитот на бегалци преку Словенија. Словенечката министерка за внатрешнир аботи Весна Ѓеркеш Жнидар вчера не сакаше да проценува колку дневно низ Словенија би поминувале бегалци кон Австрија и Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација