-->
-->
На Северина ѝ се заканува апсење? Еве што вели нејзиниот менаџер за тоа
-->
Северина Којиќ наводно не се појавила на неколку закажани судски рочишта во Загреб со својот бивши партнер Милан Поповиќ поради што е издаден налог за нејзино апсење.Имено, хрватската пејачка и нејзиниот сопруг Игор Којиќ требало да се појават во Општинскиот граѓански суд во Загреб на судењето со таткото на детето на Северина, Милан Поповиќ, по повод забраната да објавуваат фотографии од малолетниот Александар на социјалните мрежи, но сопружниците го избегнале рочиштето.
Најдобриот пријател и менаџер на пејачката, Томислав Петровиќ, во изјавата за „Свет“ вели дека неговата штитеница никој нема да ја уапси:
-Тоа се глупости. Не постои налог за приведување, ниту е возможно такво нешто во Хрватска при парнична постапка.
Милан Поповиќ вчера му доставил на судот нови фотографии од неговиот син Александар, кои Северина изминативе неколку дена ги објавила на својот инстаграм-профил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Мој личен став е дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар
-

Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој
-

Маж од Скопје тепал 12-годишно дете, потоа извадил нож и замавнал кон него
-

Орбан: Унгарија игра клучна улога во постигнувањето мир
-

Минчев: Министерството за јавна администрација поставува нови стандарди во управувањето
-

САД одобрија продажба на оружје на Тајван, прва откако Трамп се врати во Белата куќа
-

Исчезната 50 годишна велешанка
-

Без вода Гинекологија Чаир и улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“
