Македонија
16. November 2020 - 11:01

На преминот „Долно Блаце“ уапсен албански државјанин баран од Интерпол

Вчера во 11,50 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Б.И.(29) од Р.Албанија бидејќи било констатирано дека евидира во евиденциите со мерка „Апси“ по барање на Интерпол од Германија, инфомираат од МВР. 

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.