Македонија
13. September 2021 - 16:51

На полноќ истекува рокот за потврдување на кандидатурите за локалните избори

До вечерва на полноќ општинските изборни комисии треба да ги потврдат поднесените кандидатури за градонацачници и советнички листи. Од ДИК сепак посочуваат дека поради големиот број на поднесени кандадтури и листи, се уште очекуваат одговор од основните судови дали кандидадите ги исполнуваат законските критериуми предвидени со Изборниот законик.

Најдоцна за 10 дена ДИК преку ждрепка ќе го одреди и изгледот на гласачкото ливче, а 4 дена подоцна ќе стартува и предизборната кампања.

Како навлижуваат овие рокови Државната изборна комисија ги прави и последните подготовки за изборите. Денеска пристигна серверот за терминалите за гласање со отпечаток од прст. Даштевски најавува дека следните денови ќе почнат и обуките за негово користење.

Серверот стигна една недела предвреме затоа што е многу битна таа операција да се види дали ќе полни, како ќе полни и времето, брзината на полнењето, така што полека пристигнува целата опрема и за два-три дена веќе ќе имаме нова пратка поголема од 950 терминали, а веќе за една недела ќе стигнат и другите, така што почнуваме со работа, рече Даштевски.

На изборите на 17 октомври Македонија за прв пат ќе гласа со отпечатоци од прсти. Вчера до ДИК беа поднесени вкупно 297 кандидати за градоначаници и 546 листи за советници. Најмногу односо 12 канидадти ќе водат битка за градоначаничката фотеља во Град Скопје.