Фудбал
16. December 2019 - 8:49

На пладне жрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите

Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во швајцарски Нион, за денес во 12 часот е закажано извлекувањето на двојките за осминафиналната фаза од Лигата на шампионите.

Носители се осумте победници во групата фаза:
Барселона, Шпанија (Група Ф)
Баерн Минхен, Германија (Група Б)
Јувентус, Италија (Група Д)
Лајпциг, Германија (Група Г)
Ливерпул, Англија (Група Е)
Манчестер сити, Англија (Група Ц)
Пари Сен-Жермен, Франција (Група А)
Валенсија, Шпанија (Група Х).

Во групата на неносители се второпласираните од групната фаза:
Аталанта, Италија (Група Ц)
Атлетико Мадрид, Шпанија (Група Д)
Челзи, Англија (Група Х)
Борусија Дортмунд, Германија (Група Ф)
Лион, Франција (Група Г)
Наполи, Италија (Група Е)
Реал Мадрид, Шпанија (Група А)
Тотенхем, Англија (Група Б).

Ниту еден тим не може да игра со клуб од истата група и од иста држава.

Првите средби се закажани за 18, 19, 25 и 26 февруари, а вторите на 10, 11, 17 и 18 март. Ноителите реваншите ќе ги играат на домашен терен.

Жрепката за четвртфиналето, полуфиналето и финалето е на 20 март.