Џет-Сет
15. December 2018 - 14:57

На пејачката ѝ се заканува затвор поради затајување на данок: Државата не сака да ѝ прогледа низ прсти

Шпански државен обвинител поднесе обвинение за затајување данок против колумбиската пејачка Шакира, изјави денеска портпаролот на државниот обвинител.

Обвинителот наведува дека таа избегнала да плати повеќе од 14,5 милиони евра во период од три години, додека живеела во Каталонија, јави шпанската новинска агенција Еуропа прес.

Ова е најнов случај на позната личност обвинета за неплаќање данок во Шпанија, по истрагите во врска со фудбалерите Меси и Роналдо.

“Шпанските инспектори ќе ги проверат приходите, а доколку се воспостави дека не платила данок на заработувачката, судијата може да побара и затворска казна поради измама”, пишуваат медиумите.