Македонија
7. September 2019 - 17:50

На патот Велес-Згрополци кај месноста „Црн камен“ 18 годишник излетал од патот се здобил со телесни повреди

На патот Велес – Згрополци, во близина на место викано „Црн камен“, вчера во 18,40 минути патничко моторно возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки управувано од 18-годишниот  Х.Н. од Велес излетало од патот.

Како што информираат од СВР Велес, возачот се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница – Велес за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес.

Како што информираат од СВР Велес вчера  во 19.50 минути во СВР Велес, 42-годишниот С.И. од село Дорутовец пријавил дека во 19.40 минути во казино бил физички нападнат од М.Т. вработен како обезбедување.

Полицијата  превзема мерки за расчистување на случајот.