Македонија
14. јуни 2019 - 16:28

На патот Штип - Радовиш откриени 40 илегални мигранти

Штипската полиција спречи криумчарење на мигранти. Вчера напладне на регионалниот пат Штип – Радовиш, на место викано 6-ти километар, сообраќајната полиција во рутинска контрола запрела товарно возилот „Мерцедес“, управувано од 46 годишен жител на с. Петровец, со иницијали З.П.

-При извршениот претрес на камионот, биле пронајдени дури 40 мигранти. 26 од нов биле од Пакистан, 10 од Сирија и 4-ца од Египет, а 12 биле малолетни.

Возачот на камионот е приведен и е задржан во полициската станица, а по расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за круимчарење.

Илегалните мигранти се на разговор во обвинителството, за да се утврди на кон начин влегле во земјата и која била нивната дестинација, по што ќе бидат предадени во прифатниот центар во Скопје.