Живот
30. April 2018 - 9:53

На Ненад му се заканува казна 32 години затвор: На полицаецот кој го сопрел му понудил марихуана

Триесетгодишен Србин од Нов Белград бил уапсен во Колорадо откако му понудил неколку килограми канабис на полицаец кој го запрел поради тоа што возел и гледал во телефонот, информираат српските медиуми. Станува збор за Ненад Стелиќ, кој живее во Чикаго со работна виза. Србинот бил запрен од полицаец од Колорадо во петокот попладне во Јута, откако бил забележан како праќа пораки на мобилниот телефон додека вози.

Член на полициската патрола во извештајот напишал дека при сопирањето на џипот на Стелиќ, од автомобилот почувствувал силен мирис на сирова марихуана и освежувач на воздух. На прашањето на полицаецот колку марихуана има во возилото, Штелиќ, кој возел од Калифорнија до Денвер за да ги посети пријателите, одговорил дека нема ништо.

Кога полицаецот рекол дека се чувствува силен мирис на марихуана, Србинот се извинил и му рекол дека претходно пушел марихуана во автомобилот.

Потоа, еден од полицајците го пребарал автомобилот и пронашол шест големи црни кеси за ѓубре, во кои имало помали вакумирани вреќи со марихуана со тежина од околу 70 килограми, се вели во извештајот.

Стелиќ во одбрана им рекол на полициајците дека самиот ја одгледувал марихуаната во фабрика во Сан Франциско и дека ја транспортира во Чикаго или во Њујорк. Полицаецот понатаму во извештајот напишал дека Србинот го прашал дали го снима претресот и нивниот разговор, а откако добил потврден одговор, му прдложил на полицаецот да престане со снимање.

Притоа му рекол да му остави неколку килограми канабис, а потоа и двајцата да си продолжат по својот пат.

Очигледно полицаецот не го прифатил предлогот, бидејќи Србинот од Нов Белград сега се соочува со кривични дела за поткуп, како и поседување на марихуана со намера за дистрибуција. Ако биде осуден за поткуп, може да добие од 4 до 16 години затвор. Доколу пак биде осуден за поседување, во затвор би останал дури 32 години.