Балкан
14. October 2021 - 16:27

На Косово мирно но тензично

Акцијата на северот од Косово не треба да се политизира. Косовскиот премиер на економскиот самит во Скопје вели дека станува збор за борба со организираниот криминал кој не познава етнички граници

По вчерашните тензии денеска во Косово е мирно но напнато. На улиците се уште може да се видат траги од судирите на локалното население со полицијата но блокадите кои што беа поставени на патиштата се повлечени. Повредени беа повеќе цивили, меѓу кои еден потешко. По операцијата тој е надвор од животна опасност. Полицијата информираше дека се приведени осум лица а се уште се трага по уште десетина.
Инцидентот изби кога цариници придружувани од полицијата влегоа во неколку трговски објекти, по што локалното српско население излезе на улиците. Брзо интервенираше специјалната полиција по што избија судири.
Инцидентот дополнително ги вжешти односите на релација Белград – Приштина.

Ова е втор инцидент меѓу Србија и Косово во краток период откако на крајот на минатиот месец, беше постигнат договор за деблокада на граничните премини по несогласувањата со регистерските таблички.