Живот
20. May 2021 - 12:12

На истокот од Русија апокалиптични сцени

Пријавена е голема материјална штета, поради налетите на бурниот ветер, а има и повредени лица.

Апокалиптични сцени се забележени вчера во источна Русија, откако огромна бура што со себе носеше прашина небото го претвори во портокалово, пишува „Раша Тудеј”.

На видео материјалите што ги преплавија социјалните мрежи се гледа огромен портокалов облак, што  носен од многу силен ветер, за кратко време буквално проголтува град во регионот Астрахан.
 
Пријавена е голема материјална штета, поради налетите на бурниот ветер, а има и повредени лица.

Регионот Астрахан, припаѓа на руската република Калмикија, како и Дагестан, кој се наоѓа на северот на Кавказ.

Снимките од Астрахан на брегот на реката Волга покажуваат напуштени улици исполнети со жолт песок, додека неколку луѓе што биле затекнати надвор побегнале на безбедно. Невремето што во овој регион навлезе вчера, исто така, оштети далноводи, однесе покриви од куќи и пресече дрвја, што паѓаа врз паркирани автомобили.

Слични снимки пристигнаа и од Дагестан.