На Хвар наместо туристи осамнаа 1.000 изгубени чевли
Првиот ден од јуни 2020 година, Стари Град на Хвар беше речиси пуст. Празни се терасите на кафулињата, на рестораните и на плажите, многу угостителски објекти воопшто не работат, а и другите туристички атракции се затворени.
Жителите на тој град вчераутро, пак, ги пречека необична глетка наместо туристи.
На плоштадот „Петар Хекторовиќ“ е поставена инсталација 1.000 Пепелашки.
Инсталацијата се состои од 1.000 чевли што морето ги исфрлило на плажите на островот Хвар. Фасциниран од количината и разновидноста на обувките што можат да се најдат на плажите на јужната страна на островот, чевлите ги собрал Марк Болард. Претежно во зимските месеци од 2018 до 2020 година, тој собрал уникатна колекција на апостолки, сандали, бапски влечки, вртоглави потпетици, патики, кожени чизми и други обувки.
Оваа инсталација е креирана за да се подигне свеста за проблемот со отпадот во морето и да се поттикнат луѓето да ја намалат количината на отпад што ја произведуваат секој ден.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто