Балкан
2. September 2016 - 8:38

На грчкиот остров Кос прекинат синџир за трговија со дрога

Грчката полиција прекина синџир на шверц со големи количини кокаин и канабис, кој оперирал на стровот Кос.

Локалната полиција извршила рација во која се конфискувани 36 килограми марихуана и 620 грама кокаин, а уапсени се пет лица од кои четворица грчки државјани, на возраст од 26, 32, 60 и 62 години, како и една 27-годишна жена од Грузија.

Уапсените се изведени пред локалниот обвинител.