Македонија
23. July 2016 - 9:27

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани. Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а на  граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Како што соопшти АМСМ, коловозите се суви, но сепак се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.