Македонија
17. јуни 2016 - 12:58

На граничните премини кон Грција се чека по половина час

На граничните премини Богородица  и Дојран со Грција, времето на чекање за излез од Македонија е 30-тина минути, соопшти АМСМ.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, сообраќајот се одбива по суви коловози.