На градските гробишта во Велес погребана Љупка Мијакова Буба, доајенот на велешкото радио спикерство
На градските гробишта во црквата „Св, Пантелејмон“ во Велес попладнево беше погребана Љупка Мијакова Буба доајенот на велешкото радио спикерство. Таа почина вчера по кратко боледување на 76 годишна возраст. Љупка Мијакова Буба моминско Прличкова, доајен на велешкото радио спикерство и една од двете препознатливи спикерки на поранешното Радио Велес. Таа беше препознатлива по авизото „зборува Радио Титов Велес“ кое цели 35 години велешани го слушаа на програмата на Радио Титов Велес подоцна Радио Велес, каде таа работеше од 1960, една година по неговото отворање во 1959 година па се до нејзиното пензионирање во 1996 година. Но и по пензионирањето учествуваше во повеќе радио проекти.
Таа беше еден од учителите на младите велешки спикери и новинари и ги учеше на правилна дикција и читање на зборовите и речениците. Освен во Радиовесникот таа учествуваше и читаше во најразновидни емисии, како и стихови во емисии на Радио Велес и од културата а посебно стихови меѓу кои и од Рациновите „Бели Мугри“. Инаку богата архива на Радио Велес меѓу кои и аудиоснимки со гласот на Љупка Мијакова Буба по неговото затворање во 2010 година се чува во Архивот на Велес.
На натпреварите на Деновите на македонското радио меѓу 29-те локални радиостаници од земјава, таа има освоени бројни први награди и признанија.
Велешани, а и жителите на поширокиот велешки регион и од уште неколку населени места од Повардарјето до каде сè допираше гласот на Радио Велес ќе ја паметат по нејзиниот препознатлив специфичен продорен и милозвучен глас.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно