Македонија
17. August 2019 - 12:47

На ГП Табановце се чека околу еден час

Зголемена фреквенција на возила има денеска на граничниот премин Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е околу 60 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.