Ф1
22. December 2021 - 10:30

На гледачите на белгиското Гран при нема да им ги вратат парите од билетите

Организаторите на трката за Големата награда на Белгија, која годинава всушност и не се одржа поради обилните врнежи од дожд, на гледачите им понудија различни бонуси.

Навивачите нема да добијат пари за билетите. Наместо тоа, им беше понудена претплата на Ф1 ТВ-каналот, „специјален настан“ пред Големата награда на Белгија во 2022 година и можност да освојат златни, сребрени или ВИП билети за следната трка во Спа.

Каналот RTL цитира еден фан како вели:

„За овој потсмев платив 900 евра, а сега ми е понудено да учествувам на лотаријата. Дали е ова шега или што? Лично, морав да работам напорно и да жртвувам одредени работи за да го однесам мојот син, кој ја обожава Ф1, на трката.

Трката беше завршена по само еден извозен круг на болидите зад безбедносното возило.