Балкан
9. November 2015 - 15:46

На гласачките ливчиња во Хрватска се најдоа и Меркел, Ким Џонг-ун и Рада од „Големиот брат“ (фото)

Изборите вообичаено се нарекуваат „фестивал на демократијата“, но секои гласања еден дел од граѓаните ги користат за искажување на својата иновативност во изразувањето на својот револт од политичките елити.

Еден дел од гласачките ливчиња редовно завршува во категоријата „неважачки“, на кои граѓаните го искажуваат своето вистински мислење за политичарите. 

Така и на вчерашните избори во Хрватска имаше случаи во кои гласачите допишуваа „свои кандидати“ на ливчињата. На едно гласачко ливче беше допишано името на германската канцеларка Ангела Меркел, а на друго на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун,  

Еден гласач на своето ливче напишал дека својот глас го дава за Рада Васиќ, една од учесниците во реалното шоу „Големиот Брат“, а друг пак го допишал името на популарниот новинар Мислав Баго. „Покрај целото политичко и животинско царство, еден е Мислав Баго! За Премиер!“, напишал овој гласач.