Свет
11. August 2016 - 16:37

На Филипини за еден месец се убиени повеќе од 500 дилери на дрога

Филипинската полиција соопшти дека бројот на убиени во текот на акцијата против трговците со дрога што ја покрена претседателот Родриго Дуерте нарасна на повеќе од 500, што ги поттикна протестите во земјата, и Сенатот го наведе да отвори истрага.

Полициската дирекција за истраги во својот извештај наведува дека во судирите со полицијата се убиени 525 осомничени за трговија со дрога додека повеќе од 7.000 лица се уапсени.

Полицијата наведува и дека повеќе од половина милион луѓе им се предале на властите, пренесуваат американските медиуми.

Левичарските активисти протестираа заради убиствата, а претседателката на Одборот за правда на Сенатот, Лејла де Лима, најави дека на 22 август ќе почне истрагата за тоа.