-->
-->
На Џејми Оливер му се роди петтото дете - синот Оливер
-->
Прочуениот „гол готвач", Џејми Оливер со својата сопруга Џулиет („Џулс“) го добија својот втор син, којшто го доби името - Оливер.
Двојката досега имаше четири деца, три ќерки и еден син. Ова е нивното петто дете. Момчето има 3,6 килограми. Гордиот татко веднаш сподели фотографија на Инстаграм, проследена со коментар:
- И тоа се случи, луѓе! Машко е! Сите во семејството сме изненадени и пресреќни. Постарите две ќерки дојдоа на самиот крај, само колку да ја пресечат папочната врвца, беше тоа трогателно. Се е во најдобар ред, мојата сопруга беше неверојатна, тоа беше убаво природно породување. Секоја чест за мајките, неверојатни сте!
Џејми се запозна со неговата сопруга Џулиет Нортон во 1993, а во брак се од 2000 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари