-->
-->
На дуелот Шкандија – Краковја неспортски и националистчки скандирања од двете страни
-->

Натпреварот од првото квалификациски коло за Лига Европа меѓу Шканија и полска Краковја, покрај победата на тетовската екипа од 2:0, го одбележаа и неспортските скандирања на сипматизерите на двата тима.
Навредливи скандирања од спротивните страни на Националната Арена „Филип Втори“ синоќа можеа да слушаат присутните на стадионот и тоа упатени од двете навивачки групи на Шкендија и Краковија.
Во текот на првото полувреме, навивачите пак на Краковија, ја потврдија репутацијата на „лоши гости“, па на српски јазик извикуваа навредливи слогани кон албанскииот дел од присутните на трибините.
Провокативното и националистичко скандирање на полските навивачи и тоа упатено кон навивачите на Шкендија на српски јазик, ги исповоцира тетовските навивачи кои беа сместени во близина на ложа, па се обидоа да се пресметаат со раководството на полскиот тим, по што полицијата и обезбедувањето мораа да реагираат и да ги отстранат гостите.
За ваквото однесување сигурно дека неможе да бидат амнестирани, како ниту за скандирањата кои популарните „Балисти“, ги имаа во продолжението на натпреварот, па сигурно дека ваквите и слични испади и инциденти најверојатно скапо ќе го чинат тимот на Шкандија, имајќи в предвид дека контролорите и делегатите на УЕФА сето тоа уредно го бележат.
Инаку, на арената „Филип Втори“, но и пред неа и низ скопските улици, видливо беше зголеменото, засилено, присуство на органите задолжени за очувување на јавниот ред и мир, односно полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
