Македонија
13. March 2021 - 9:52

На „Деве Баир“ уапсен турски државјанин поради фалсификувана зелена карта

Вчера во 12,50 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез oд Р. Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ (зелена карта) бил лишен од слобода Д.Ф.(38) од Р.Турција, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.