Живот
22. April 2020 - 15:10

На Денот на планетата Земја нуркачи го чистеа дното на езерото кај Музејот на вода, Градиште

По повод Денот на планетата Земја, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ , во рамки на  глобалната иницијатива, го чистеа  дното на езерото кај Музејот на вода, Градиште.

– Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина, наведоа од „Амфора“.

Имено, меѓународната нуркачка асоцијација „Scuba Schools International“, која се вклучува во вакви инцијативи одбележува 50 годишен јубилеј од своето постоење.