Џет-Сет
5. August 2016 - 16:57

На денешен ден пред 54 години почина Мерилин Монро

На 5 август 1962 година во нејзиниот стан во Лос Анџелес беше пронајдено безживотното тело на една од најголемите холивудски ѕвезди во 50-те и 60-те години на минатиот век, Мерилин Монро 

Најпознатата русокоса на сите времиња почина на 36-годишна возраст, а нејзината ненадејна смрт и кусиот бурен живот не престанаа да го будат интересот во јавноста.

Мерилин Монро, чие вистинско име е Норма Џин Мортесон, беше и остана олицетворение на холивудската убавина и гламур, а за многумина претставува најубава жена во светот. И покрај гламурозниот живот, Мерилин страдаше од депресија, која на крај и го уништи животот.

Нејзината ненадејна смрт поттикна и повеќе теории на заговор дека познатата ѕвезда е убиена, поради наводни љубовни врски со тогашниот американски претседател Џон Кенеди и со неговиот брат Роберт.