Македонија
22. September 2019 - 16:45

На ,,Ден без автомобили‘‘ улиците полни со возила

И на „ Ден без автомобили“ граѓаните не ги оставија  своите возила. Со нив дојдоа да се рекреираат во природа. За овој факт говорат и паркиралиштата на Средно Водно  кои и денеска беа полни. Граѓаните попрво би платиле сто денари за час паркирање, отколку автомобилот, барем денеска да го остават дома.  

Свеста на граѓаните за загадувањето и понатаму е на ниско ниво. Ретки беа тие кои дојдоа пеш или со велосипед.

Властите пак апелираат што е можно помалку да се користат автомобилите.

Денешниот ден е во рамките на Евроспка недела на мобилност, а се одбележува ширум земјава. Стотици граѓани на велосипеди продефилираа и низ центарот на Скопје. Европската недела на мобилност трае до денеска  и се одбележува во 2.952 градови во 48 држави.