Свет
1. November 2018 - 23:23

На чекор до решавањето на мистеријата: Пронајдена црната кутија на индонезискиот авион

Нуркачите ја пронајдоа црната кутија на авионот на индонезиската компанија Лајон ер кој се урна во Јаванското море во кој животот го загубија 189 лица.

Тамошната телевизија прикажа снимка од нуркачите кои ја пронајдоа црната кутија.

„Бев очаен зошто струјата долу беше силна, но бев сигурен во алатките кои ги добив. Почнав да копам и да ги чистам остатоците од авионот додека не дојдов до портокаловиот објект“, рече еден од нуркачите.

Црната кутија ќе ја испитува Националниот комитет за безбедност во транспортот на Индонезија, соопшти директорот на Агенцијата за потраги и спасување Мухамед Сјауги.

Тој додаде дека црната кутија е пронајдена на 500 метри северозападно од кооридинатите на кои е изгубен контактот со авионот кој се урна во море.

Падот на авионот на Лајон ер е најлоша трагедија во Индонезија уште од 1997 година кгоа 234 лица го загубија животот.