Свет
19. November 2019 - 11:46

На Американците им се скратува животниот век

Предозирањето со лекови резултира со значително скратување на животниот век кај Американците, и  тоа се случува првпат по избувнувањето на епидемијата на ХИВ во раните 90-ти годино од минатиот век.

Имено, Американците изминативе пет години, просечно, изгубиле четири месеци од животниот век, се наведува во последниот извештај на Националниот центар за контрола и спречување на болести.

Опиоидите сѐ повеќе се користат и тоа се покажува како една од главните причини за овој пад. Податоците говорат дека токму опиоидите лани во САД биле причинител на смртта на околу 32.000 луѓе.

Очекуваниот животен век денес е 78,6 години. Тоа значи дека еден Американец роден 2017 година е очекува да живее до 78,6 година, скоро четири месеци помалку од оној роден пет години пред него. Тој параметар е поизразен кај мажите отколку кај жените, посочува извештајот.

До 60-тите очекуваниот животен век беше под 70 години.

Во таа смисла, САД сега се на 28. место во светот. Очекуваниот животен век денес во Јапонија, за споредба, е 84,2 години, и со тоа, Јапонците се први во оваа ранг-листа.