Свет
2. September 2016 - 19:57

На аеродром крај Париз запленети рекордни 51 килограм метамфетамин

Француската царина денеска заплени рекордни 51 килограм метамфетамин скриени во пратка житарки за појадок.

Во соопштение на царинската служба се додава дека вредноста на дрогата е околу 3,8 милиони евра, јавија француски медиуми.

Метамфетаминот е пронајден на аеродромот Шарл де Гол крај Париз во пратка што пристигнала од Камерун, а крајна дестинација била Малезија.